Прирокот е главен, но и основен член на реченицата. Штом имаме прирок, имаме и реченица (или, без прирок, нема реченица). Прирокот може да биде глаголски и глаголско-именски.
Глаголски прирок
А) Прост глаголски прирок
a) Прост глаголски прирок
б) Прост глаголски прирок претставен со сложена глаголска форма
На пр.:
Ти си читал. (минато неопределено несвршено време)
Ти си прочитал. (минато неопределено свршено време)
Ти беше читал. (предминато време)
Ти ќе читаш. (идно време)
Ти ќе беше читал. (минато-идно)
Ти ќе беше прочитал. (идно прекажано)
Ти би читал/прочитал. (можен начин)
Ти имаш/немаш читано. (со има/нема)
Б) Сложен глаголски прирок
Носител на значењето е глаголот во да-конструкцијата, а првиот глагол е воведен. Се разликуваат три групи воведувачки глаголи:
1. Фазни глаголи
2. Модални глаголи – може, мора, смее, сака
3. Глаголите – успее, успева, настојува, се обидува, се труди, се мачи.
Глаголско-именски прирок
Именскиот дел на глаголско-именскиот прирок е носител на значењето кој се однесува на подметот, му прирекува (припишува) особености. Како именски дел од прирокот се среќаваат:
- Сите видови придавки (описни, заменски, бројни, односни).
- Именки
- Заменки
- Броеви
- Прилози
Претходните примери се дадени за да се разбере суштината на именскиот дел од прирокот. Но, најчесто во практиката, именскиот дел од прирокот е цела именска група составена од придавки и броеви заедно со именката.