Makedonski Jazik i Literatura - Prirok (Glagolski i Imenski) lyrics

Published

0 293 0

Makedonski Jazik i Literatura - Prirok (Glagolski i Imenski) lyrics

Прирокот е главен, но и основен член на реченицата. Штом имаме прирок, имаме и реченица (или, без прирок, нема реченица). Прирокот може да биде глаголски и глаголско-именски. Глаголски прирок А) Прост глаголски прирок a) Прост глаголски прирок б) Прост глаголски прирок претставен со сложена глаголска форма На пр.: Ти си читал. (минато неопределено несвршено време) Ти си прочитал. (минато неопределено свршено време) Ти беше читал. (предминато време) Ти ќе читаш. (идно време) Ти ќе беше читал. (минато-идно) Ти ќе беше прочитал. (идно прекажано) Ти би читал/прочитал. (можен начин) Ти имаш/немаш читано. (со има/нема) Б) Сложен глаголски прирок Носител на значењето е глаголот во да-конструкцијата, а првиот глагол е воведен. Се разликуваат три групи воведувачки глаголи: 1. Фазни глаголи 2. Модални глаголи – може, мора, смее, сака 3. Глаголите – успее, успева, настојува, се обидува, се труди, се мачи. Глаголско-именски прирок Именскиот дел на глаголско-именскиот прирок е носител на значењето кој се однесува на подметот, му прирекува (припишува) особености. Како именски дел од прирокот се среќаваат: - Сите видови придавки (описни, заменски, бројни, односни). - Именки - Заменки - Броеви - Прилози Претходните примери се дадени за да се разбере суштината на именскиот дел од прирокот. Но, најчесто во практиката, именскиот дел од прирокот е цела именска група составена од придавки и броеви заедно со именката.

You need to sign in for commenting.
No comments yet.