Zad Agolot - Daj Mi lyrics

Published

0 443 0

Zad Agolot - Daj Mi lyrics

[Строфа 1: Марко] Дај ми бит ко на ДТ Даре, скилот е ненормален Тимот Ѓорче, Порта Влае, дисот просто никад вратен Имаме музика, битови tight, чуриме Rodeo light Ве искинавме на трака, aiiiiiiight? Имате фанови дим, видео бим За да ве видам сте ситни, а Зад Аголот е џин, плус Чим проговорам кревам норма А ти и да си во топ форма, самиот гроб копаш Пукате хемија, јас чист рап билдам Дај ми баскет, поентирам како Chauncey Billups Ти ко Mr. Hiccups, пошто те држи стравот Она што не можеш ти, за мене е најнормално [Рефрен x2] Дај ми гумени чизми, добиваш чамец Скувај добар бит, ти упаѓам ко падобранец Ако вие сте резерва, ние сме дрим-тим После тракава, од вас остана само дим [Строфа 2: Аце] Дај ми само неколку цигли и ќе ти изградам Рим Билет за бус, тутун, фиљан, ризла, добиваш дим Дај ми тим ко мојот за баскет, ко да сме Heat А да се Wade i James на трака, пак ќе е хит Конташ? Кај и да одам само дај ми правец Банка на фаца, влагам у маска и праам грабеж И ајде, дај ми го мајкот да го рокнам сега Као сељак, дај ми алат и ќе има боље жетва Дур овде седам и се мислам за траки Ти дај ми ритам и папир, па кликај рипит да сфатиш Дека не ми треба пари, накит, партија, власти Па дај ми шанса да го кажам тоа што лежи на гради [Рефрен x2] [Строфа 3: Гочка] Сакам Zippo и Cla**ic да чадат, пусти мераци Кафе и Back 2 Back, скреч со Оки Доки на прелази Дај ми слободен ден, за да прочистам плуќа Една дружба со мојте луѓе во маало на клупа Нејќам фрки ни беда, не ни после ни сега Боље би дремел в кревет и гледал Солзи и Смеа Еј, ако знаеш дај ми предлог за добар филм Да не ме гњави цурата, тогаш се крши филм А ја би боље гурал накај гајба Страјк Таму се кува добар бит, таму не владее штрајк Ја па како и да е, не ти побарав многу Дај ми воља газда, човек сум фала Богу [Рефрен x2] [Строфа 4] [Аце] Дај ми само мир, ти биди полуд и покул Околу градов ќе те решат многу као Судоку Со една трака јака, еднаква на брана Сонџоку Каме-хаме срање, стај си една шанса за пропуст [Гочка] Не серато, сакам плочи, да сакам не е злочин Реален филинг ми е филм и не ме кочи Сегде пружив рака, сега време е да барам Земи перо и лист во рака, ова е се што сакам [Марко] Џвакам рапери ко да се Cunga Lunga Стилот им е дунда трудна, гинат брат во прва рунда Марко секад први пуца, еби го Џанго Цело Скопје ечи од рапот што доаѓа од мое маало

You need to sign in for commenting.
No comments yet.