SVP - Pogolem Chovek lyrics

Published

0 417 0

SVP - Pogolem Chovek lyrics

Тоди: Повеќе од личност дали можеш ти да бидеш повеќе од она што си и да прогледаш низ прсти? На убав збор си простил, јас и на лага верувам таков карактер сум од секад на доброто гледам Понекад и те нема, дали си поголем кога треба да помогнеш таму каде што стега беда? За мене сите вредат искреност ценам но сегде искреност ќе нема кога секој по кешот се гледа.. И дали сегде гледаш само од корист би го продал ли блискиот најтајно што ти се доверил? Те гризе совест ли? Молкот некогаш може да каже повеќе од проклетите зборови.. А дали газиш преку своите ставови за да ја зачуваш насмевката што највеќе од се' ти значи? Дали можеш да превидиш ти во правиот момент? Искрено да сакаш дали си поголем човек? Кога ти крадеш и лажеш, или ќутиш а знаеш или бегаш а крај е (дали си поголем човек?) Кога си изгубил облог, следи истрел во око крвариш на бетонот (дали си поголем човек?) Немаш земја на крајот, си го украл цел народ гзот ставен под залог (дали си поголем човек?) дали си поголем човек? Даре: Дали си поголем човек? Колку можеш да сакаш а мразат дали можеш да свртиш образ и после шамар? Дали небото е граница за нас? Па кровот е премал и спас бараш во грев а јас би одел низ оган за тебе и би те сакал како нероден брат и би те примил јас пак, само ти биди јак.. Светов црно-бел ко никад е сега дали можеш да вратиш боја со мисла ко четка? Дали би делел и залак со гладен? Би го направил тоа да знаеш колку тежи стомак празен? И кога да врне се спрема, застани под моја стреа би нe' собрало кога така ќе треба Зората е благослов не потценувај никогаш утрото е шанса за подобро секогаш А кога ќе боли ќе види светот што е станат замижи, прости им незнаат тие што прават... Кога ти крадеш и лажеш, или ќутиш а знаеш или бегаш а крај е (дали си поголем човек?) Кога си изгубил облог, следи истрел во око крвариш на бетонот (дали си поголем човек?) Немаш земја на крајот, си го украл цел народ гзот ставен под залог (дали си поголем човек?) дали си поголем човек?

You need to sign in for commenting.
No comments yet.