Strajk - Angeli i Demoni lyrics

Published

0 322 0

Strajk - Angeli i Demoni lyrics

[Строфа 1] Хард нели, хард теми, што следи, пак дели пат злото дома да се всели, е ти да бидеш дел и тие лоши вести, а се е релативно кога ќе се свестиш, и не спиј, лажат сите лаже тој весник, се поретки се луѓе чесни, материјална трка е за престиж, кешот е ко фетиш, а моралот искинат е во конфети, и е патетик, вредностите заменети со предмети, друг прети друг е луд, да се сети останатите се само проклети, чекаат во мракот некој да ги просветли, е не е битно какво зло ти си осетил, никој не им суди, факт е дека има луѓе монструми, гледаш само костури, контури, празни, тажни, глумат да ги сфатиш, а големи се тие лаги ко да живеат во матрикс, се со ниски страсти, ко за дете лош пастир, па веруј нема да се симнат тие маски [Рефрен] x2 Ангели во тие луѓе, па дали доброто и љубовта се од тие луѓе, убиство од тие луѓе злобата од тие луѓе сме демони од овој свет студен [Строфа 2] Се во заблуда луда паѓаат ко карти кула, работите измешани се како мулат, кои се во була се осеќаат ко ранет гулаб, па нема култура тогаш иде се у курац, ко во трет свет нема ќеш плус бед тогаш сме двојна закана ко бајонет, па чудно е, овој град е гад, се повеќе се децата со капуљачите пред банкомат, со во џеб алат, а некои луѓе немаат па крадат, е нека пазат, и нека се под радар пред да ги удават во река Вардар, а никој не ти се замара, народ е и бара, факт е дека луѓето ги прават голема будала, вистината е толку блиску за да биде лага мала, па само глеј се казнуваат ко Opus Dei, а гревот е голем кога имаш луѓе само fake, еј а животот е преспор, ко во логор и е монотоно, порок е за добар провод, а некои го кажуваат и тоа толку гордо, а се губат самите во смислата на зборот [Рефрен] x2 Ангели во тие луѓе, па дали доброто и љубовта се од тие луѓе, убиство од тие луѓе злобата од тие луѓе сме демони од овој свет студен [Строфа 3] А некои луѓе кога требаат ги нема, а сите се први кога треба да земат, а мразат да делат, а за секој човек стојат дела, па биди искрен велат, но и во никој да немаш верба, па губат лице и се е касно, што не е јасно, правам да видат слика ко пикасо, а успехот кога ќе им почне, другите се со циничен потсмев, и нејкат да направиш поише, самите се гушат, дајте им боца, дека ова тежи нешто како нотите на Моцарт, само за момент музиката да направи да си подобар човек, само за вовед, дека допрва ни следи уште грдо, и дека слободен ќе бидеш ти само мртов

You need to sign in for commenting.
No comments yet.