STR2 - Vo Sekoj Moment lyrics

Published

0 248 0

STR2 - Vo Sekoj Moment lyrics

[Строфа 1: Страјк] И би го вратил секој момент оставен на листот запамтен Макар и во тешки времиња кога сам на себе сум оставен Тогаш простете, зашто вакви сме со мислите Да, сиви се па исти се, а сепак животов прекраток е Знаеш колку тежат солзите, болат проблемите што не сме виделе се Обвинети сме за сите срања што сме ги поминале Зашто се менувате кога сме немале да бираме Не сте ни барале, молеле, кажи колку си лојален, поделен, оставен И после се, дали си веруваме е прашање само во главите Колку ќе ви фалиме и не е битно толку Зборот „збогум“ горчи како нешто како црно на плуќа Па зашто сите сме сами со цигара за друштво и на клупа Со цела мука ко да некој чекаш Времето не стига без да бегаме полека Па цени го моментот, секоја работа мала Секоја минута, секој запишан стих, секој издишан здив Бед заборави, избриши, не стануваме помлади Запамти, помисли вреди ли? Гревови остави ко да се денови последни Не се сите девојки лоши, јас имам љубов за една Па ти го сакаш истото, но го немаш Па си загубен сега без неа, чекаш до следната средба [Строфа 2: Блажеј СТР2] Секој момент е нова шанса твоја Мењаме мисли како залезот нијанса боја Раните болат, но сите рани се гојат Остави ги сами, Ќе пројдат, истата болка Којзнае кој пат, овој пат само ме правите појак И покрај сето сивило небото сиво е ко некогаш Покрај кешот ваш ни припаѓа подеднакво нели се сеќаваш, не баш? Не мораш, не си присутен во мигов, веднаш го забораваш Можеш да имаш се, доколку правилно посакаш Моментот е пригоден за природен хај Помири се еднаш засекад, се има неминовен крај Но само за да почне пак, ти киднал возот, почекај, ќе дојде пак Не си сам со фактот дека секој човек твој е брат Доказ е што песниве до вас ќе допрат Доказ е што светлина носат напишани доцна во ноќта На крајот на тунелот светло, ко по дожд виножито Сите исто патиме, не знам зошто нема соживот На повидок е моментот на вистина Без престан пристига, ти си на ред, својата шанса искористи ја

You need to sign in for commenting.
No comments yet.