[Строфа 1] Ова сум јас но слушај премногу душа Премногу ноти тажни пуштам Години поминати во рап и исто пукам Години поминати на трон и со плуќа Сеуште ризикувам кеш римувам дисувам Прмногу див со бит на бина кревам публика Прашувам има ли среќа има ли кеш Одговори празни полни со гнев можеме се Дека од старт сме биле празен џеб Газиме пази се токсика зема сне Имаме премногу мотив за да успеемe спремни сне [Рефрен]x2 Ова е премногу, понекад мислам дека сум луд Не би ме сватил зашто премногу е Се што правам за тебе премногу е [Строфа 2] Ова сум јас но слушај премногу душа Премногу болка од уста пуштам Премногу ноќи празни со премногу мисли тажни Гази ме згазен сум веќе секад искрен сум пред се Памет за друг пат бутам се пред себе Заради себе следам сонови немирни минати спомени Постапки немирни другари сјебени и сјебно другари Повели гратис се во мојот живот мојот свет Нема ни промени трошка нема ни залудно солза во бед Стојам ко на врв гордо со среден прст живеам животот на партизан борба за слобода или смрт нема враќање назад плаќаме казна нема веќе за нас прв пат ништо не е сигурно освен дупка и сандак!!! [Рефрен]x2 Ова е премногу, понекад мислам дека сум луд Не би ме сватил зашто премногу е Се што правам за тебе премногу е