Makedonski Jazik i Literatura - Podmet lyrics

Published

0 311 0

Makedonski Jazik i Literatura - Podmet lyrics

Вториот главен реченичен член е подметот. Прирокот секогаш оди со подметот, односно во секоја проста реченица освен прирок има и подмет. Тој не мора да биде изразен во реченицата, но го откриваме во формата на глаголот или од контекстот. Најлесно подметот го откриваме со прашањето: Кој? Подметот може да биде: 1. вршител на дејство; пр.: Марија чита. 2. предизвикувач на дејството; пр.: Бомбата ја разурна куќата. 3. носител на психофизичка особина; пр.: Марија почувствува страв. 4. носител на особина; пр.: Марија е убава. 5. место на вршење на дејството; пр.: Куќата се сруши. Во функција на подмет се јавуваат: именките (или цела именска група); заменките; придавките; броевите (најчесто со заменки или именки); да-конструкцијата и односната зависна реченица.

You need to sign in for commenting.
No comments yet.