Makedonski Jazik i Literatura - Vidovi Pisma lyrics

Published

0 165 0

Makedonski Jazik i Literatura - Vidovi Pisma lyrics

Писмото е визуелно претставување на говорот. Во најдалечното минато луѓето своите мисли ги претставувале преку цртежи. Во науката ова е познато како пиктографско писмо. Пиктограмите се цртежи на предметите, а на јазично ниво тие одговараат на речениците. Поразвиена форма на пиктографското писмо претставува идеографското писмо. Идеограмите се цртежи кои имаат преносно (метафоричко) значење, а на јазично ниво тие одговараат на зборовите. Преодна фаза кон најсовременото писмо претставува слоговното од кое се развило фонетското. Иако во светската научна мисла е прифатено дека најстарите писма потекнуваат од Египет, Месопотамија и Асиро-вавилонија, сепак не смееме да заборавиме дека во Македонија се пронајдени артефакти со писмо слично на денешната кирилица, а старо 7000 години. Тоа е керамичкиот печат од неолитската населба Церје кај селото Говрлево, Скопско. Во современото општество постојат и друг вид писма. Тоа се: Брајовата азбука (Луј Брај) и Морзеовата азбука (Семјуел Морз).

You need to sign in for commenting.
No comments yet.