Makedonski Jazik i Literatura - Jazikot Kako Sistem od Znaci i Sredstvo za Komunikacija lyrics

Published

0 288 0

Makedonski Jazik i Literatura - Jazikot Kako Sistem od Znaci i Sredstvo za Komunikacija lyrics

Јазикот како систем од знаци Човечкиот јазик е најсложен систем од знаци. Замислете си што се треба да знаете за да составите една реченица. Пред сè треба да научите правилно да ги артикулирате гласовите. Потоа треба да научите правилно да ги артикулирате зборовите и да го знаете нивното значење, односно да ги поврзувате со предметите и појавите што ги претставуваат. За да составите реченица треба да ги знаете правилата на синтаксата (правилниот редослед на зборовите во реченицата) итн. итн. На пр.: Денес ќе одам в училиште. Јазикот е апстрактен систем од знаци. Говорот е конкретно остварување на јазикот. Јазикот како средство за комуникација (општење) Човечкиот јазик е најсовршено средство за комуникација.

You need to sign in for commenting.
No comments yet.