Makedonski Jazik i Literatura - Predlozi lyrics

Published

0 223 0

Makedonski Jazik i Literatura - Predlozi lyrics

Предлозите се неменливи, службени зборови кои покажуваат однос меѓу именските зборови во реченицата или однос меѓу глаголското дејство и додатоците. На пр.: Книгата е на масата. (именски зборови) Стојам до ѕидот. (глаголот и додатокот) Предлозите најчесто имаат пространствено значење. Предлози во македонскиот јазик се: Без Во; в Врз До За Зад Заради Кај Како Кон Крај Меѓу Место На Над Низ Од Одавде, оданде, отаде Околу Освен По Под Поради Потем Пред През Преку При Против Со Сосе Според Спрема Спроти Сред *Често се греши при употребата на предлогот по, односно наместо по погрешно се употребува прилогот за време после. За да се избегне грешката наједноставно е на местото од по да се обидеме да го употребиме после кој е синоним на после. Ако соодветствува, тогаш може да го употребиме после, ако не, тогаш стои по. На пр.: Неправилно: После Втората светска војна... Правилно: По Втората светска војна...

You need to sign in for commenting.
No comments yet.