Драмата е еден од трите литературни рода. Таа е претставувачка уметност. Претставувањето на ликовите и настаните е преку дијалошка форма. Драмите можат да бидат во проза, во стих и комбинирани во проза и стих. Театарот е тесно поврзан со драмата, бидејќи таа е предвидена да се изведува пред публика. Значи, драмскиот текст, може да го читаме, но може и да го гледаме изведен на сцената. Драмата се разликува од епиката, особено по дијалошката форма, но и другите специфики што ги носи: - Дијалог - Драмско дејство - Монолог - Простор и време - Афиша - Пролог - Чинови - Слика - Сцена - Дидаскалии - Епилог - Композиција Драмското дејство се одвива во пет основни композициски етапи (обично во пет чина): 1. Експозиција 2. Заплет 3. Кулминација 4. Перипетијата 5. Расплетот