Green Out - Kukjichka Na Drvo lyrics

Published

0 257 0

Green Out - Kukjichka Na Drvo lyrics

[Строфа 1: LD Pistolero] А што ако би можел да ги скријам Сите радости под бели облаци Од очи себични, мисли ко цветови Поврзан со сите светови Говорејќи со мимики и телепатски пораки Да бидам некојси што ќе живее бар уште 100 пати Под крошна зелена, помеѓу 3 листопади Да пишам текстови, позитивни, ко што сака мајка ми Да бидат врежани во камен-плочи бетонски Да нема болести, да сме сами горе јас и ти Под ведро небо ѕвезди да ни бидат меки постели Да нема сомнежи, ниту каења и копнежи Моето срце куќичка на дрво - влези, повели Во неа вистини, спомени од души искрени На маса листови од тазе фиљан, тазе скинати Наместо прозори ширум хоризонти небесни Виножита наместо врати, место луѓе - плодови На гранка растени, птици да не будат весели Носејќи не на предели од стапало нестапнати Да нема часови, сонцето и ноќта доволни За да се знае кога будни сме а кога заспани Да нема казни ако згрешам а сум неќел Само природа и воздух чист е доволно за да сум среќен Тамо горе би останал засекогаш и сам Но тие доле да се добри и јас тоа да го знам Зашто ги љубам а љубовта е посилна од се Не би ги оставил позади мене тажни, не не не Кога ќе отидам ќе биде денот убав До тогаш се што имам и заслужувам За вас е, ви го нудам [Строфа 2: Tonyo San] А мојот живот пак е сјебан, брат Се што гледам над е чад од димот Небо сиво пак Знам дека треба да издржам, во ноќта замижав А нема барем една мисла што ќе помогне да заспијам Кога е лошо е најлошо, во мозок ко со шило Боде се што прошло низ него, во денот ко што било Гласот затоа е тивок, ум од криво Барам бегство од лудилото Во песнава ко спас за мојот живот Ми е како куќичка на дрво Можам да побегнам во неа секој пат Чим доле боде црно, таа е најгоре на врвот Кај што нема никој што ќе направи да ми е огорчен Повторно стихот, нема никој што ќе ме повредува И ми го црни сонот, никој што ќе ме избрка од домот Никој што ќе ми го гади воздухот и ликот Никој што ќе ми го скрши срцето и скрши филмот Никој зад тилот што боде зад грб со шило Чекај ме таму, зад тебе сум, ме чу ли Шиљо? Било и напнато и диво, нели брат? Знам секој пат но таму е мирно Додека е доле ничив рат, ти пичи брат Јас си отидов за момент, таму не е важно Што е само мисла, илузија и табу Луд сум што сум уште тука Па си одам, јас сум горе, ако требам Пушти play, чао ragazzi

You need to sign in for commenting.
No comments yet.