El Borracho - Palmi lyrics

Published

0 207 0

El Borracho - Palmi lyrics

Стојам лево од залезот, дур го спремаме залетот за да полетам и заминам да се дигнам над облаци, прелетам сокаци патишта на живот кој сум навикнат тука се родив и добив се што сум побарал скромен е човек кога во ваков свет е пораснат сто пати порази за кој никад не се покајав така се прави човек калемен со самодоверба и тука довека надеж за иднината љубов за фамилијата, срце за татковината тука ги сакам од помлад до постар но доста од живот кој само здравје ме кошта вака се трошам, ко ефтина валута дури младоста ми лута, секад барам само луфта и да заминам во мојот свет има толку малку нешта, а ме прави да сум исполнет Сакам брегови, улици и редови со палми, возиме по нив со саати, во low rider, само замисли, море, хоризонт и денот пред да зајди А не би заминал од своја рода тука е закопано срцето во темелот на мојта дома и кога поетот е одделен од своето ко птицата од крилата е болно и проклето и проклети да бидат тие пари кој не движат, корпоратива тоа што не прави да се мразиме по боите тоа што не прави да се пазиме од своите и кога неможам да дишам црни саѓи и кога неможам да живеам во тајни и кога неможам да поднесам просек кога полека го губам секој осет црпам сила, од светот кој го имам зацртан во мојта мисла, а реална е слика и никад нема да се откажам од тука но светот штом ќе стежи на плеќи, јас сакам, сакам, сакам... Сакам брегови, улици и редови со палми, возиме по нив со саати, во low rider, само замисли, море, хоризонт и денот пред да зајди

You need to sign in for commenting.
No comments yet.