[Строфа 1: Бранко]
Градов ми буди, чувства мутни
Не држи будни, со мисли чудни
И студи, внатре во градот
Не го сакам нити мразам, ебено се е празно
(Не може ништо да не сакаш)
Да, има нешто што ме буди и сакам
Го сакам рапот, кучето во паркот
Драгана, Аце, Ацо, Павле и Марко
Го сакам моето Ѓорче, мојот Хром
Ги сакам моите дома, мојот дом
Ако се е тоа Скопје
Тогаш го сакам целото и секој дел од него мој е
Сакам лето, Скопско, клупа, парк
Другари, резил, сеир, асфалт и тротоар
Можеби не до толку Скопје
Но ги сакам во него луѓето малу појќе
[Рефрен х2]
Го сакам Скопје, Скопје
Не го сакам Скопје, Скопје
[Строфа 2: Павле]
Кога градот гори знам, ќе чади мешана скара
Ми дава знак (дека јас) живеам во своја манџа
И покрај тоа би сакал да кажам
Дека е градов само дел од мојот ум што крие тајна
Го сакам кино Маџари
Ако има мир, мора да има и убавини
А мојот мир е таму некаде
Клупата во кино и кошот на кој другарите се беселе
А сонцево ме носи надвор
Во Скопје кај што се изгледа вкусно ама мириса на гадно
Градов е ко од сказна
Од тамбура до техно музика, од парк па се до жабар
А таму јас и музикантите
Последна чаша за мојот град што во мојот ум е замислен
Градов е тука како врежана слика
За првпат Скопје е топло, Зад Аголот стана екипа
[Рефрен х2]