Пука мембрана, ко да пука метал брат
кога пука Да Титаниум со ментал рап
пука апарат вестибуларен
тука бес стимулант е, ти без стимул каде?
не се запирам, крипаме по навика
бина е целина чим ја гази моја патика
ритам е целина дур рима мавам на клапот
рапот, би седел без мене долу со вас но
сум дел од дрвото што даде друга визија
Саша и Нешо до Raw n Wicked и Дивизија
далеку сум патувал, време да се отпакувам
патува, зборот дека титани се вратија
а не бев далеку заминат да ви фалам
но дојдов да го земам секое браво и фала
од Прилеп, Табана, Централен Запад, нека знаат
кои се Ел Борачо, Рикбитз, Титаниум на видик!
И да се преродам, стилот не го менува, срце знае дека јас сум Централен Запад брат
каде заоѓа денот, ноќта е најдолга, мојот град е заколнат во Централен Запад брат
ако некад си се клател ти на ова, дај ми љубов кога зборам, си Централен Запад, брат
крени четри, стегни ги во средина, земи рап, следи ме со него се до неповрат!
Дека никад не е доста
четири албуми се позади мене доказ
и нек те возат како кадилак
ова е звукот на градот, па добредојдовте во “Марков Град”
Рипам по мапа како Шарац
со трискок, од верига стасавме до грамада
па боље дај си љубов, пред да ти најдам crew-от
па да се деси острина брат ко на грувов
пошто кој што се преценил, боље нека не седи
репетирај рима да те видам што ќе пренесиш
Ел Борачо иде ко по шина не се ремети
па боље да се фатиш за вагон ако си невидлив
идеме горе, брат боље да биде празно
година фора имавте играње со рапот
ова е смена на гардовите
одбери правилна страна кога ќе паѓаат боговите..