Сношти минав покрај вази
Тебе моме не те најдов
Срце ми се растрепери
Почнав солзи да ронам
Сечи моме руси коси
Прави скала да се качам
Да ти видам бело лице
Ем рудото ти грло
Кажи моме вистината
Љубиш ли ме, мамиш ли ме
Ил сос' мен' се подигруваш
Да ти мине времето
Ах да можам да разберам
Була ли си, ил' Гркиња?
Ил' си моме Македонка
Што си толку убава?