Не е безсмислено ниту изгубено
На секој грутка во рака
Што до бесвест те сака до последно
Нека оган се пали од сите животи мали
Ко факел од храмот божји земи го
И под небо простри го
И нека гори се додека не не здоболи
За се она што било
Без ниту еден траг од совести
Па да сме други
И никогаш да не сме туѓи
Колку би сакала за нас да сме едно
И да појдеме сите на пат до неа
На пат до Македонија
Во болки миена
Oд страв неспиена
И сите реки што течат
Се твоите солзи што печат
За нас живот се
Безброј немирни лаги
Твој се извор на таги
Земи го огнот
И под небото твое ти простри го
И нека гори се додека не не здоболи
За се она што било
Без ниту еден траг од совести
Па да сме други
И никогаш да не сме туѓи
Колку би сакала за нас да сме едно
И да појдеме на сите на пат до неа
На пат до Македонија