[Строфа 1: El 'Borracho]
Ова е свет каде што губиш чим си добил
ако не си бил ти со нив, тогаш значи ти си против
ако не си бил ти копиљ не го знаеш мојот мотив
зошто кога сликам слика преферирам само молив
Имам мисли кои губат бои, но чувам динамика
линија и техника - знај не се губи навика
Створен за во градина но искушен си заминав
јебига и животот го менуваш за сладина
Но човек не се менува, е роден да заебува
да гледа а не верува, да збори а не делува
не се заменува недостаток со каење
богатството со парите ил паметот со знаење
Можат да го сменат изгледот на лицето
но зад нив пак се крие иста прича - тој е истиот!
Мислите на бистриот ги загади нечистиот
но никад не го менувај, знај еден ти е животот
[Строфа 2: Кискинов]
Ова е живот кај што губиш чим си добил
и џабе што ќе сониш кога после само мал дел памтиш од нив
А искуството е мајката на фокусот
затоа пази и не троши го ти попусто
Може ќе ме сфатиш ако си од кај што доаѓам
или бар често навраќаш по патот кој го проаѓам
Кога грешката не можам да ја поправам
тогаш врне-истура и доаѓа до поплава
Ме влечат корени, но стебло расте нагоре
ме сечат бодежи, но јас станувам најголем
се радувам на животов и знам мачно е
но секоја радост е подобра од се што тажно е
Наместо проблеми-промени и место доблести-победи
имaј верба наместо сомнеж и не прашувај "Кој е крив?"
Време е да тргнеме по нова патека
тргни ја маската и замени ја со насмевка